Ta izdelek je bil dodan v nakupovalni voziček v količini:    Količina v nakupovalnem vozičku:
»
Zapri  [X]
The terms and conditions for the online sale of goods and services across platforms Ingram Micro Macedonia      
Регулативи и други правни документи кои го регулираат функционирањето на порталот www.IngramMirco24.com


Одредби и услови за онлајн-продажба на стоки и услуги преку платформата IngramMicro24
§ 1. ОПШТИ ОДРЕДБИ

Овие услови и правила се наменети за продажба на стоки и услуги исклучиво за правни лица преку интернет-страната IngramMicro24 .

§ 2. ДЕФИНИЦИИ
  1. Следните термини и услови кои се користат во овој документ ги имаат следниве значења УСЛОВИ И ОДРЕДБИ:
    • IngramMirco24 -Интернет-страница (Сајт) достапна по пат на интерфејсот WWW, доменот www.IngramMicro24.com, кој се користи од страна на добавувачите кои припаѓаат на групата Инграм Micro, која продава стоки и услуги за одредени корисници (во понатамошниот текст како примачи);
    • КОРИСНИК - физичко лице, правно лице или организациона единица (во понатамошниот текст означен како примач), деловен партнер на снабдувачот, (во понатамошниот текст насловен како добавувач) кои купуваат производи и услуги преку сајтот IngramMicro24.com, со помош на претходно утврдено корисничко име и лозинка;
    • СТОКИ - се подразбираат предмети, софтвер, технологија, лиценци, инженерска поддршка, договори за услуги и услуги обезбедени од страна на снабдувачот како дел од нивното деловно работење;
    • ПРИМАЧОТ - физичко лице, правно лице или организациона единица кое ја извршува деловната активност и ја користи веб страницата IngramMicro24, директно или преку свои официјално овластени претставници или корисници;
    • ДОБАВУВАЧ - ИСПОРАЧУВАЧ- Инграм Микро Македонија ДООЕЛ, со седиште на ул. „Методија Шаторов - Шарло“, бр. 10, 1000 Скопје, Р. Македонија, со ЕДБ: MK4057015528989.
§ 3. НАРАЧКИ И ИСПОЛНУВАЊЕ
  1. За купување на стоки и услуги од добавувачот преку веб-сајтот IngramMicro24, примачот мора да воспостави сметка за нарачување на стоки или услуги кои се во моментот се нудат од страна на добавувачот, при што примачот прави обврзувачки декларација за откуп на порачаните стоки и услуги. Примачот не може да го одбие приемот на стоката доколку истата е испорачана во согласност со условите на нарачката.
  2. Нарачките се прават преку веб сајтот www.IngramMicro24.com, преку посебна предефинирана форма.
  3. Предуслов за правење нарачки е да се биде регистриран корисник на IngramMicro24 или примач со активна сметка
  4. Секоја нарачка која што е неточно или непотполно потполнета нема да биде обработена.
  5. Добавувачот го задржува правото да ги провери налозите за нарачка. Во случај на било какви нерегуларности и било какви кршења на општите одредби и услови налогот за нарачка може да се поништи.
  6. По направената нарачка, примачот добива потврда за направената нарачка по е-мејл, телефон, преку промена на статусот на нарачката на сајтот. Сите порачки кои нема да бидат потврдени во рок од 7 дена нема да бидат реализирани. Потврдата за нарачка содржи: спецификација, број на производи и/или услуги, цена, услови на плаќање, метод на плаќање, место и време на испорака на стоката; По направената нарачка доставувачот има право да прецизира договор за понатамошна соработка.
  7. Примачот може да ја повлече порачката од како е потврдена од страна на снабдувачот, најдоцна до денот кога примачот ќе ја добие потврдата за порачка од снабдувачот.
  8. Местото за испорака на снабдувачот е седиштето на снабдувачот или било кое друго место за испорака на пратката, кое е прецизирано во налогот за нарачка.
  9. Било кои каталози, слики, рекламни брошури и технички податоци, објавени од страна на снабдувачот служат исклучиво за информативна намена. Техничките податоци и параметри се облигаторни само доколку се потврдени од снабдувачот во потврдата за прифаќање на налогот за нарачка. Во случај кога снабдувачот го потврдува налогот за нарачка, и истовремено техничките податоци и параметри на било кој од производите се променети, како на пример структурни модификации, и/или измена во техничките податоци или дизајн на порачаните производи, промени кои настанале поради подобрување на производите од страна на производителот, односно поради технолошкиот развој, снабдувачот ќе го извести примачот преку електронска пошта или онлајн-продажниот систем IngramMicro24. Потрошувачот потоа ќе има рок од 7 дена од денот на прием на известувањето од снабдувачот за промената на техничките податоци или параметри на порачаните производи за да ја потврди порачката со изјава, пратена по електронска пошта или преку продажниот систем IngramMicro24, со цел порачката да се смета за валидна. Во спротивно, порачката ќе се смета како воопшто да не била направена.
  10. Снабдувачот појаснува дека било која поединечна деловна понуда, калкулација, проект, цртеж, и останати технички податоци се доверливи и како такви не смеат да бидат соопштени на трети лица од страна на купувачот.
  11. Примачот може да поднесе барање до снабдувачот за добивање на трговски кредит со поднесување на определено кредитно барање преку системот IngramMicro24.
  12. Снабдувачот може својата согласност за одобрување на трговски кредит спрема примачот, да ја услови со доставување на кредитна историја, финансиски и регистрациони документи од примачот, како и со барање на залог. Снабдувачот може да го одбие барањето за трговски кредит без да ги наведе причините. Во случај кога снабдувачот ќе ја повлече одлуката за доделување на трговски кредит, откако е прифатена нарачката од примачот, снабдувачот може да го услови примачот со барање на залог за да се реализира нарачката. Залогот ќе биде договаран од случај до случај.
  13. Секоја од засегнатите страни има право да го поништи налогот за порачка, во целост или делумно, во согласност со овие одредби и услови, и врз основ на одредбите од законот кој ги регулира обврските кај реципрочните договори.
  14. Во случај кога примачот бара промена на налогот за порачка, таквото барање се смета дека е нов налог за порачка.
  15. Корисникот кој е овластен да управува со сметката на примачот, може да ги ограничи во однос на висината на вредност на отворените налози за нарачка, други корисници на истата сметка и е овластен да поставува барања во име на примачот. Под отворени налози се подразбираат потврдени налози од страна на снабдувачот, но се уште не платени од страна на примачот.
§ 4. ЦЕНА
  1. Продажните цени кои се презентирани во системот IngramMicro24 или во информативниот материјал, се само услови предложени кон примачот.
  2. Конечната цена на производите ќе биде потврдена (преку електронска пошта, факс, IngramMicro24) од страна на снабдувачот во потврдата на налогот за прифаќање на порачката, издадена спрема примачот при порачка, предмет на точка 9 што следи.
  3. Снабдувачот може да ја одреди цената за пратката во МКД, или во некоја друга странска валута. Цените се дадени без ДДВ и транспортни и други можни трошоци при увоз.
  4. Предмет на точка 5 што следи, каде е променета цената во било која странска валута е променета, се менува по средниот курс на Народна Банка на Македонија на денот на извршената продажба (датум на фактура). Средниот курс на било која валута на денот на продажбата го формира и објавува Народната Банка на Македонија секој работен ден пред датумот на извршената продажба после 08:00 часот. Снабдувачот го задржува правото да ја промени продажната цена користејќи некоја друга курсна листа во однос на курсната листа на Народна Банка на Македонија. Информацијата за важечката курсна листа е секогаш достапна на www.IngramMicro24.com. Договорните страни имаат право да се договорат за било кој курс, освен претходно споменатиот, и така договорениот курс мора да биде потврден од двете страни во пишана форма или преку електронска пошта.
  5. Во случај кога валутата од понудата на снабдувачот преку системот IngramMicro24 се разликува од валутата избрана од примачот во поднесениот налог, цената може да биде зголемена за додатна маржа. Со правење на налогот за нарачка примачот го прифаќа износот на дополнителната маржа.
  6. Цената прикажана на порталот IngramMicro24 го вклучува одобрениот попуст спрема примачот.
  7. Цената на пратката, која е предмет на испорака, ќе биде зголемена за дополнителната стапка на ДДВ, транспортните и други трошоци.
  8. Поднесување на налог за нарачка за било која опрема која има посебна (специјална) цена или прифатено барање за посебна цена од производителот, снабдувачот делува во име на примачот, така што се информира кај производителот за статусот на одредено барање за специјална цена.
  9. Секоја продажна цена потврдена од страна на снабдувачот може да биде претрпи промена. Во овој случај снабдувачот ќе го извести примачот за промена на продажната цена по пат на факс, електронска пошта, или онлајн-продажниот портал IngramMicro24. Доколку во рок од 7 дена од денот на пратената нотификација од страна на снабдувачот во врска со промената на цените, примачот не го извести снабдувачот дека го потврдува налогот за купување, се смета дека таков налог воопшто не бил направен.
  10. Доколку количината на производи која е на располагање е на распродажба и промоција, правило е потврдените налози за нарачка за тој тип на производ да се реализираат по редослед по кој се примени истите за потврда од страна на снабдувачот, додека траат залихите.
  11. Снабдувачот го задржува правото да ги менува цените на производите понудени на порталот IngramMicro24, да додава нови производи, повлекува производи од продажба, спроведе, откаже или промени промоции на порталот IngramMicro24.
§ 5. ИСПОРАКА / ПРИЕМ НА СТОКАТА
  1. Исполнувањето на нарачката зависи од расположливоста на стоката во складиштето на добавувачот или други добавувачи. Во случај на недостапност на поединечна стока опфатена во порачката примачот ќе биде известен за тоа, со што би можел да се одлучи за начинот на исполнување (делумна испорака, подолго време на чекање, откажување на целата порачка).
  2. Во случај рокот на порачката да е договорен, тоа подразбира подготвеност на добавувачот да испорача стока на примачот и подготвеност на примачот да ја прифати стоката на местото и рокот наведен во налогот. Времето на испорака започнува со денот на потврдување на налогот од добавувачот кон примачот.
  3. Периодот на испорака може да се промени и продолжи во случај на виша сила, при што се подразбираат сите непредвидливи и неспречливи случувања, вклучувајќи ги конкретно: природни катастрофи, штрајкови, затворање на работни простории, законски промени, административни одлуки или владини одлуки, под услов да можат значително да влијаат на процесот на испорака и производство на стоката. Исто така, за виша сила се смета за постоечка доколку наброените случувања се случуваат на испорачателите, добавувачите или производителите, доколку го спречува благовременото извршување на обврските на испорачателот или значително го отежнува поради економски услови. Испорачателите можат да ги предизвикаат претходно опишаните случувања од виша сила исто така доколку навреме не ги исполнат своите обврски, во кој случај одредбите за виша сила нема да ги ослободуваат од одговорност. Таму каде што се вклучени важни прашања, испорачувачот веднаш ќе го обавести примачот за почетокот и престанокот на вишата сила.
  4. Добавувачот го задржува правото да исполни некој поединечен налог во неколку чекори, со претходно обавестување на примачот по пат на онлајн-продажниот систем IngramMicro24, факс или eлектронска пошта, освен ако порачката на примачот не содржи барање за исполнување во еден чекор. Во случај на исполнување на наредбите во неколку чекори, секој поединечен чекор на добавувачот се смета како посебен правен акт и според тоа примачот е должен да плати за тоа во склад со датумот одреден од страна на добавувачот и соодветната фактура, договор или потврден налог.
  5. Периодот на испорака на порачаните стоки од страна на примачот ќе биде одреден од страна на добавувачот во потврдата за порачката, како би можела стоката да се испорача на примачот во што е можно пократок рок, земајќи ги предвид практичните можности на добавувачот. Добавувачот ќе биде одговорен за неблаговремено доставување предизвикано исклучиво од неуспехот на добавувачот на време да ја изврши испораката на примачот, а во секој случај до нето добивка до заработката на добавувачот со исполнување на налогот.
  6. Добавувачот може да одбие исполнување или да суспендира исполнување на секој налог, ако примачот имал задоцнување во извршувањето на обврските на дотогаш исполнетите налози.
  7. Добавувачот обезбедува испорака на стоката, која е порачана, до примачите, на адресата назначена на порачката од примачот по пат на шпедитери или превозници договорени со добавувачот, освен договор за услуги, активирање на лиценци со кодови/клучеви и други стоки кои се испорачуваат по електронски пат по електронска пошта, предмет од точка 8 што следи.
  8. Примачот може да ја промени адресата на испорака назначена на порачката. Секој промена на адресата за испорака, која е еднаш наведена, мора да биде направена преку системот IngramMicro24 од страна на корисникот или примачот, најдоцна до почетокот на испорака од страна на испорачателот.
  9. Друштвото не е одговорно доколку стоката не биде испорачана, поради грешка на примачот настаната при пополнување на образецот од налогот или неосновано одбивање на пратката. Трошоците кои настануваат со враќањето или спроведување на таквиот налог ги сноси примачот.
  10. Во склад со тоа, примачот треба да назначи стоката да биде доставена од страна на превозникот или шпедитерот или сопствен превоз од магацинот на добавувачот. Ако случајот е ова второво, примачот во писмена форма ќе одреди лице, кое е овластено да ја преземе стоката од магацинот на добавувачот.
  11. Примачот го сноси трошоците на превоз, кои се вклучени во цената на стоката која превозникот ја превезува. Трошоците за транспорт на стоката која се извезува во странство пред секоја испорака ќе бидат посебно договорени.
  12. Стоките опфатени со налози поставени пред 15:00 часот во работниот ден, се испраќаат истиот ден со превозник или шпедитер, а налозите поставени по 15:00 часот се испраќаат наредниот ден. Транспортот на поголеми товари ќе биде договорен од случај до случај. За испорака на стока во внатрешноста на Скопје, испораката на стоката може да биде договорена истиот ден ако нарачката е примена пред 12:00 часот (пладне). Исто така, стоката може да биде преземена од магацинот на испорачателот во работни денови, односно од понеделник до петок од 8:30 до 16:30 часот.
  13. Кога стоката е испорачана на примачот врз основа на договор кој добавувачот го има со превозникот или шпедитерот, тогаш ризикот преминува на примачот. Испратената стока е осигурана со полиса за осигурување сè додека не се испорача на примачот.
  14. Во случај примачот да има заклучен договор со превозникот, или стоката е земена од складот на добавувачот од страна на примачот или лицето овластено од страна на примачот, ризикот за пропаст на стоката преминува на примачот во мигот кога стоката е преземена од складот на добавувачот.
  15. За потврда за прием на стока се сметаат:
    • печат и потпис, или потпис од примачот или превозникот, или потпис од лицето овластено од страна на примачот и превозникот, прицврстена на документот кој го издал превозникот или шпедитерот договорен од страна на добавувачот во време на испорака на стоката по нарачка на примачот или лицето овластено од страна на примачот.
    • печат или потпис, или потпис на примачот и превозникот, или потпис oд лицето овластено од страна на примачот и превозникот, прицврстен на документ со кој се потврдува пуштањето на стока од складот на добавувачот, каде стоката се испорачува од складот на добавувачот кон примачот.
    • печат и потпис, или само потпис од лицето кое настапува во име на превозникот или шпедитерот, прицврстен на документот со кој се потврдува пуштање на стоката од складот на добавувачот, каде се испорачува од страна на превозникот или шпедитерот по налог на примачот.
    • електронска пошта испратена на e-mail адреса означена од страна на примачот; или обавестување испратено со користење на метод на обавестување кој се користи од страна на добавувачот за договори за услуги, со активирање на лиценци/кодови или друг начин на електронска испорака на стоката.
  16. Испорачувачот го задржува правото да претпостави дека стоката испорачана од страна на испорачателот на назначената адреса е преземена од страна на овластениот претставник на примачот. Потврдата за приемот на стоката е задолжителна за обете страни. Претходно наведените одредби се применуваат во случај кога стоката се превезува со сопствен превоз на примачот од магацинот на добавувачот или од страна на превозникот или шпедитерот назначен од страна на примачот.
  17. Примачот мора да прегледа дали квалитетот и квантитетот на испорачаната стока е во склад со договорената нарачка и веднаш по приемот да назначи во товарниот лист или друг документ за прием на стоката во присуство на превозникот или шпедитерот.
  18. Во случај на било какви приговори, примачот мора веднаш (во рок од 3 дена од денот на предавање на стоката) да го обавести испорачателот во пишана форма и да му овозможи да прегледа недопрена испорачана стока. Доколку примачот ја прими стоката и не стави приговор ќе се смета дека стоката е уредно доставена во склад со налогот на примачот.
  19. Ако специфичната амбалажа или од било која друга значајна причина спречува било каква објективна инспекција на стоката, прегледот на стоката на приемот би требало да опфати проверка на доставната документација, количината и состојбата на амбалажата, деталите на етикетата, како и штетите ако ги има и ако се видливи на надворешноста. Потребно е прегледот да се изврши што е можно поскоро, но во секој случај најдоцна кога стоката е распакувана, а сеуште не е користена. Треба да се спроведе детален преглед да се извести добавувачот за резултатите на прегледот.
  20. Примачот мора да ја исполни целокупната претходно наведена процедура, бидејќи во спротивно го губи правото да истакне било какви тврдења против испорачателот.
  21. Доколку примачот не ја превземе испорачаната стока во рок од 14 дена од денот на потврдата на испорачателот дека стоката е подготвена за испорака, испорачателот може да бара надомест за штета од примачот, вклучувајќи посебно трошоци за складирање, односно трошоци за транспорт по важечкиот ценовник на испорачателот. По 14 дена од денот кога испорачателот потврдил дека стоката е доставена и подготвена за испорака и неисполнување на условите во договорот од страна на примачот, испорачателот има право да ја продаде стоката. Новиот датум на исполнување ќе биде соопштен на примачот во склад со новите услови кои ги поставил испорачателот. Покрај тоа, испорачателот има право да наплати договорна казна во износ од 1% од вредноста на стоката за секој период од 10 дена започнувајќи од денот на потврдување на испорачателот за подготвеност на испорачателот за испорака.
§ 6. ПЛАЌАЊЕ
  1. Примачот мора да ја плати цената на стоката до денот на доспевање, кој е прикажан на фактурата.
  2. На барање на примачот, добавувачот може да фактурира продажба на стока во странска валута, за правни или физички лица кои не се резиденти на Република Македонија и кои плаќањата би ги вршеле од странство. Во случај да се издава фактура во странска валута, примачот мора да плати ја продажната цена на стоката во истата валута која се користи за фактурирање на девизната сметка наведена на фактурата. Плаќањето на купопродажната цена може да се изврши во домашна валута за која е издадена фактура во странска валута според важечкиот курс на банката на примачот на денот на плаќање само со претходна согласност на добавувачот.
  3. Во случај на доспевање на обврските добавувачот на примачот може да наплати законска казнена камата на преостанатиот дел од купопродажната цена за секој ден од доцнењето. Во овој случај добавувачот има право да издаде каматно одобрение кон примачот и примачот да прифати да изврши плаќање на сметка на таквoто одобрение најдоцна 14 дена од приемот на стоката.
  4. Плаќањето на стоката ќе биде извршено со трансфер на сметката на добавувачот наведена во општите услови за работа со добавувачот.
  5. Датумот, кога е одобрена сметката на добавувачот или кога е извршена уплата на тековната сметка на добавувачот се смета за ден на плаќање.
  6. Испорачувачот овозможува електронско издавање и испраќање на фактури, а примачот ги прифаќа, а оригиналниот документ мора да се завери и од страна на порачувачот и од страна на добавувачот и може да биде испратен по пошта или лично преземање од страна на примачот на опремата.
§ 7. ГАРАНЦИЈА
  1. Поединечни стоки кои се предмет на купопродажба меѓу добавувачот и примачот се осигурани од страна на производителот, неговите одредби и услови.
  2. Одговорноста на добавувачот за посредни гаранции за стока која е предмет на договор со примачот е со тоа исклучена.
  3. Добавувачот ќе биде одговорен по основа на договорот со примачот во мера во која неизвршување или неправилно извршување на договорот е предизвикано исклучиво со неуспех на добавувачот, а до нето профитот на договорот заклучен со примачот. Добавувачот не одговара за било каква друга штета кон примачот, вклучувајќи и губиток на профит или приход кои настануваат во врска со неисполнувањето на испорачателот по основа на договорот.
§ 8. ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ

Овие одредби и услови за користење на интернет страницата IngramMicro24 ја уредуваат политиката за користење и заштита на информациите на Добавувачот – Испорачувачот. Согласно овие одредби и услови, доставувањето на било каква информација или содржина од страна на Добавувачот – Испорачувачот е доброволно и е предмет на овие Одредби и услови за online-продажба на стоки и услуги преку интернет страницата IngramMicro24.

Кои информации се прибираат, како и за кои цели

  1. Кориснички информации - Добавувачот - Испорачувачот има право да собира и користи податоци за Корисниците. Информациите со кои Корисникот може да се идентификува опфаќаат имиња, локација, адреса на е-пошта, како и сите други информации што Корисникот доброволно ги внел или се предвидени при користење на Услугите на Добавувачот – Испорачувачот, достапни преку IngramMicro24.
  2. Во образецот за регистрација кој го пополнува Корисникот при склучување на договорот, Добавувачот - Испорачувачот јасно укажува на задолжителна или доброволна природа за доставување податоци и последиците од одбивањето истите да бидат доставени. Согласувајќи се со Условите за користење и оваа Политика, Корисникот се согласува дека корисничките информации може да се обработуваат согласно предвиденото во нив.
  3. Давањето на личните податоци кои се означени како задолжителни за доставување во соодветните електронски обрасци за регистрација на IngramMicro24 веб-сајтот се неопходни за регистрација на Корисникот, а според тоа и за пристап до корисничките услуги за кои е потребна регистрација. Недоставувањето на овие информации претставува пречка за вршење успешна регистрација или основа за прекин на соодветната регистрација, еднострано од страна на Добавувачот - Испорачувачот, согласно Условите за користење.
  4. Покрај погоре наведените информации, Добавувачот - Испорачувачот има право (но не и обврска) автоматски да зачувува одредени информации кои компјутерот или терминалниот уред ги испраќа до серверите на Добавувачот - Испорачувачот во врска со корисничката активност. Информациите се чуваат во лог-датотеки на серверите на Добавувачот - Испорачувачот и може да опфаќаат информации за веб-страници на Добавувачот - Испорачувачот веб-сајтот кои ги посетил Корисникот, веб-сајтови кои го пренасочиле Корисникот на IngramMicro24 веб-сајтот, веб-сајтови кои Корисникот ги посетил преку линкови кое се презентирани на IngramMicro24 веб-сајтот, датум и време на тие посети, IP-адреса на Корисникот, тип на интернет прелистувачот што го користи Корисникот, клучни зборови кои ги користи Корисникот при пребарување на IngramMicro24 директориумот, бројот на корисници кои го виделе интернет огласот (банерот) на IngramMicro24 веб-сајтот, бројот на кликнувања на интернет огласите (банерите) на IngramMicro24 веб-сајтот, итн. Овие информации не се поврзани со информациите што го идентификуваат индивидуалниот Корисник и се користи за истражување и следење на однесувањето на Корисникот, неговите навики и интереси, за да се анализира ефикасноста на рекламирањето, заради статистички цели и заради подобрување на понудените услуги. Добавувачот - Испорачувачот може да ги чува и обработува овие информации во персонализирана форма заедно со други информации за Корисникот што тој ги доставил при регистрацијата или користењето на услугите. Покрај тоа, Добавувачот - Испорачувачот собира лог-датотеки (датум, време и соодветно извор - IP адреси) кога тоа е според важечки закон, како и лог-датотеки и сите други информации кои се неопходни за електронска репродукција на изјавите што ги дава Корисникот при користење на услугите (на пример прифаќање на Условите за користење, итн), но и идентификација на Корисникот во случај на спор.
  5. Јавно достапни содржини. Кориснички содржини - корисничката содржина (која содржи или не содржи лични податоци), а која регистрираниот Корисник ја објавува на веб-сајтот, како и сите информации кои тој ги доставува при користење на услугите (како што се имињата, локација, e-пошта, фотографии, телефонски броеви, датум на раѓање, информации за профили во социјални мрежи, итн), се јавно достапни на IngramMicro24 веб-сајтот и Корисникот се согласува со нивно откривање, едноставно со нивното објавување на на IngramMicro24 веб-сајтот.
  6. Заради избегнување сомнеж, Добавувачот - Испорачувачот нема никаква цел да прибира, користи, чува или на друг начин да обработува лични или било кој друг вид информации кои се предмет на посебна заштита во согласност со постоечката законска регулатива, преку корисничките содржини што регистрираниот Корисник ги испратил на IngramMicro24 веб-сајтот, ниту пак да го следи постоењето на такви информации во нејзини рамки. Испраќањето на корисничките содржини или какви било лични податоци или други информации кои таа ги содржи, на овој или било кој друг начин, кога Корисникот ги користи услугите, е во целост на негов сопствен ризик и одговорност. Со прифаќањето на Условите за користење, Корисникот изјавува дека тој/таа е информиран, ги прифаќа истите и се согласува дека сите информации (вклучувајќи и личните податоци) кои се дел од корисничките содржини, објавени од негова/нејзина страна или од неговата/нејзината корисничка сметка ќе бидат јавно достапни до секој Корисник на на IngramMicro24 веб-сајтот, како и до трети лица на кои Добавувачот - Испорачувачот им обезбедува пристап до оваа корисничка содржина или други информации, во согласност со предвиденото во Условите за користење. Исто така, Корисникот изјавува и гарантира дека при објавување на корисничка содржина или било која друга информација, тој/таа не ги повредува правата на трета лица во врска со нивните лични податоци или други лични права, вклучително и дека тој/таа веќе има добиено согласност за објавувањето (до мера која е потребна според постоечката законска регулатива).
  7. Добавувачот - Испорачувачот ги прибира и ги користи информациите од точка 1 од оваа политика за целите кои се наведени во Условите за користење, како што се обезбедување на услуги, обезбедување пристап и контрола на неговата/нејзината корисничка сметка, исполнување на неговите обврски во согласност со закон, остварување и заштита на неговите/нејзините законски заштитени права и правни интереси, понуда на стоки и/или нови услуги понудени од трети лица, промоции, барање за организирање, анкети и испитувања за статистички цели.
  8. Услуги поврзани со трети страни - Добавувачот - Испорачувачот може да им овозможи на трети страни, како Facebook, Inc, да објават на своите веб-сајтови јавно достапни содржини од производи и фирми на IngramMicro24 веб-сајтот. Таквите содржини не смеат да содржат лични податоци и се ограничени само на информации за правни лица. Покрај тоа, по своја волја, Корисникот, на на IngramMicro24 веб-сајтот може да сподели (преку Facebook-услугата за поврзување, на пример) информации кои се јавно достапни на други веб-сајтови, вклучувајќи и информации за поврзаност на Корисникот со други веб-сајтови (на пример, пријатели и листи на контакти). Оваа политика не се применува за информации за Корисникот и неговите/нејзините пријатели кои се зачувани на други веб-сајтови. Собирањето, складирањето, заштитата и обработката на тие информации е предмет на условите на останатите веб-сајтови. Доколку Корисникот не сака неговите/нејзините пријатели, контактите и другите информации за Корисникот што се достапни на останатите веб-сајтови да бидат достапни на IngramMicro24 веб-сајтот, тогаш Корисникот има можност да ги измени подесувањата за приватност на неговата/нејзината сметка на другите веб-сајтови.
  9. Колачиња (Cookies) - Добавувачот - Испорачувачот има право (но не и обврска) на компјутерот на Корисникот или на други терминални уреди да инсталира колачиња - мали текстуални датотеки кои се зачувани на некоја интернет страница преку интернет сервер на хард дискот на Корисникот и дава можност за обновување на информациите за Корисникот бидејќи тие ги препознаваат сајтовите/страниците што неговиот/нејзиниот терминален уред ги користи и/или пребарувач.
  10. При обезбедувањето на услугите, Добавувачот - Испорачувачот задржува информации и добива пристап до информациите и процесите кои се зачувани на терминалниот уред на корисникот со цел:
    • на Корисникот да му обезбеди нормален и квалитетен пристап до услугите, заедно со сите функционални можности; да провери присуство на скрипти, софтверски апликации и подесувања на терминалниот уред на корисникот, кои се неопходни за нормален пристап и користење на услуги и да ги извести него/неа доколку ги нема.
    • да следи и да се спречи користење на мулти-сметки (регистрирање и користење на повеќе кориснички сметки од страна на истото лице) со злонамерни дејствија.
    • визуализира и не-визуализира елементи од на IngramMicro24 веб-сајтот за кои има посебни барања кои се или не се компатибилни на одредени карактеристики, квалитети или опции на терминалниот уред на Корисникот (на пример: широчина на екран, резолуција и други).
    • да ги прилагоди услугите и да обезбеди автоматско прикажување или криење на различни елементи од на IngramMicro24 веб-сајтот, во согласност со желбите и подесувањата на Корисникот.
    • да ги рекламира и истражува преференците на Корисникот.
  11. Колачињата кои ги користи Добавувачот - Испорачувачот не зачувуваат информации (лични податоци) кои овозможуваат идентификација на корисникот како физичко лице. Нивната намена е исклучиво да се идентификува користеното од страна на прелистувачот и/или терминалниот уред на Корисникот. Корисникот има право во секое време да го одбие зачувувањето и/или пристап до информациите кои се зачувани на терминалниот уред кој го користи Корисникот
  12. Забраната и/или бришењето на колачињата од страна на Корисникот може целосно или делумно да му оневозможи на Корисникот да пристапи до на IngramMicro24 веб-сајтот и/или услугите, да ги промени или отстрани преференциите што Корисникот претходно ги поставил на IngramMicro24 веб-сајтот и/или значително да го влоши квалитетот на услугите, за што Добавувачот - Испорачувачот не презема одговорност
  13. Корисникот има право во кое било време од Добавувачот - Испорачувачот да добие информација за податоците кои се зачувани на неговиот терминален уред, со испраќање прашање до Добавувачот - Испорачувачот на следната e-меjл адреса: (Ве молиме внесете адреса)
  14. Добавувачот - Испорачувачот користи два вида на колачиња - "привремени" (кои се избришани од меморијата на терминалниот уред на корисникот кога корисникот го затвора интернет прелистувачот) и "постојани" (кои се зачувуваат на терминалниот уред на корисникот додека тој /таа не ги избрише). Корисникот може да ги отстрани постојаните колачиња според инструкциите на интернет прелистувачот што го користи. Колачињата што ги користи Добавувачот - Испорачувачот содржат идентификациски број кој помага при идентификацијата на Корисникот
  15. Колачињата може да се инсталираат, исто така, и од страна на трети лица со цел да се рекламираат стоки и услуги кои можат да бидат интересни за Корисникот кога тој/таа го посетува на IngramMicro24 веб-сајтот и другите веб-страници. Добавувачот - Испорачувачот нема пристап или контрола врз употребата на колачињата. Овие колачиња, исто така, собираат информации за начинот на користење на IngramMicro24 веб-страница, како на пример кој веб-сајт го пренасочил Корисникот кон IngramMicro24 веб-сајтот, кои интернет страници од на IngramMicro24 веб-сајтот ги посетил Корисникот, информации за посетите на Корисникот на други веб-сајтови, но не прибира информации како што се имиња, e-пошта адреси, други информации за контакти или други лични податоци кои би му овозможиле на некое трето лице да го идентификува Корисникот и да стапи во контакт со него/неа

  16. Со кого се споделуваат информациите


  1. Политика за лица под 14 години - IngramMicro24 веб-сајтот не е наменет за лица под 14 години. Добавувачот - Испорачувачот нема за цел да прибира и обработува лични податоци за лица под 14 години. Во случај лице под 14 години да ги доставило своите лични податоци без согласност на неговите/нејзините родители и/или старатели, тие треба веднаш да го известат Добавувачот - Испорачувачот
  2. Сигурност - Добавувачот - Испорачувачот посветува големо внимание на собирање, чување и обработка на личните податоци на Корисниците, со добра волја, во насока на добро утврдени, јасни цели и во согласност со Законот за заштита на личните податоци на Република Македонија и други соодветни закони, доколку се работи за таков случај. Во таа смисла, Добавувачот - Испорачувачот ги презема сите соодветни технички и организациски мерки за заштита на личните податоци на Корисници од случајно или незаконско уништување, губење, менување, откривање или неовластен пристап
  3. Добавувачот - Испорачувачот посветува големо внимание и е одговорен за заштита на личните податоци на Корисникот што ги добил при обезбедување на услугите што се предмет на условите за користење, освен во случаи на: виша сила, случајни настани или злонамерни дејства на трети лица и во случаи кога Корисникот самиот ги направил овие информации достапни на трети лица
  4. Права во поглед на личните податоци - Освен горе споменатото прифаќање на Условите за користење, Корисникот потврдува дека тој/таа е запознат со правата утврдени со Законот за заштита на личните податоци, вклучувајќи, но не ограничувајќи се на:
    • генерално право да биде информирани за сите наводи/повикувања во врска со заштитата и обработката на податоците, кои Добавувачот - Испорачувачот е должен да ги обезбеди по службена должност или по барање на корисникот, во согласност со важечкото законодавство кое е на сила
    • право да пристапи до своите податоци кои ги обработува Добавувачот - Испорачувачот.
    • право да ги корегира и ажурира своите податоци кои ги обработува Добавувачот - Испорачувачот.
    • право да бара неговите/ нејзините лични податоци да се избришат или блокираат кога тие не се обработени во согласност Условите за користење и важечките закони на Република Македонија.
    • право да побара од Добавувачот - Испорачувачот да ги извести третите лица на кои им ги открил личните податоци, за секое бришење, корекција или блокирање на податоците, освен во случаите кога тоа е невозможно или не е поврзано со прекумерни напори од страна на Добавувачот - Испорачувачот.
    • право во секое време, бесплатно и без причина да се спротивстави околу обработување на неговите/нејзините податоци за целите на директен маркетинг, т.е од страна или од име на Добавувачот - Испорачувачот или трето лице да бидат откриени на трети лица заради такви цели, согласно важечкото законодавство.
    • право да започне постапка пред надлежен суд за да си ги заштити правата што му се доделени согласно законите што се на сила.
  5. Секој регистриран корисник преку својата корисничка сметка може да ги коригира и ажурира своите лични податоци, зачувани од Добавувачот - Испорачувачот
  6. Корисникот може да ги оствари своите права од овој член со испраќање писмено барање да Добавувачот - Испорачувачот, со датум и потпис и/или во согласност во било која друга законска форма која е предвидена со законите кои се во сила. Корисникот може да ги оствари своите права во врска со неговите/ нејзините податоци, самостојно или преку овластено лице (со полномошно заверено на нотар)
§ 9. ЗАВРШНИ ОДРЕДБИ
  1. Овие одредби важат од 11. VIII 2017 година.
  2. Друштвото има право да изврши измени и дополнувања на овие одредби и услови, вклучувајќи воведување на нови верзии на истите.
  3. Секоја измена на овие одредби и услови стапува на сила на денот назначен од страна на друштвото, а во секој случај во период не пократок од 7 дена од денот на донесување на измени во одредбите и условите достапни на страница на друштвото IngramMicro24.
  4. Достапно на www.IngramMicro24.com/mkd/ или во посебен таб на сајтот. Општите услови за работа на друштвото се составен дел од овие одредби и услови.
  5. Овие одредби и услови се достапни за бесплатно симнување, менување и печатење од страницата IngramMicro24, а работната верзија е достапна во седиштето на добавувачот во Скопје, на ул. „Методија Шаторов - Шарло“ бр. 10.
  6. Во случај на било каков сомнеж во поглед на примена на овие одредби и услови, добавувачот го задржува правото да даде свое толкување.
  7. Сите спорови кои настануваат во врска со услугите кои ги нуди друштвото или други добавувачи преку страницата IngramMicro24 ги решава соодветно за тоа надлежниот суд според законот на седиштето на друштвото.
  8. За сите прашања кои не се опфатени со овие одредби и услови, меродавни се одредбите на важечките закони на Република Македонија.
  9. Доколку друштвото објави верзија од овие одредби и услови на некој друг јазик, предност ќе има локалната верзија на одредбите и условите, прифатена од страна на примачот.
  10. На страницата IngramMicro24 објавени се сите информации за понудената стока од страна на добавувачот во склад со податоците од производителот од каталогот. Друштвото и другите добавувачи кои не се одговорни за грешките, доколку ги има, во податоците добиени од производителот.
  11. Називите на целата понудената стока се користат само како идентификација и можат да бидат регистрирани нивни знаци или нивни сопственици.
  12. Со поставување на налог, корисникот и примачот се согласни со овие одредби и услови.

Скопје, 11. VIII 2017 год

За Инграм Микро Македонија ДООЕЛ: Ференц Золтан Лазар, застапник